Академијата за одржливост се организира во рамки на проектот „SIGN for Sustainability”, регионална иницијатива имплементирана од регионалната мрежа SIGN – Southeast-european Indigeneous Grantmakers Network,афинансиран од Европската унија преку Програмата IPA –CSFи кофинансиран од Балканскиот фонд за демократија.
Проектот „SIGN for Sustainability” партнерски го спроведуваат организации кои воедно се и членки на SIGN мрежата: Балкански фонд за локални иницијативи – БЦИФ (Србија), Фондација за развој на заедницата ,,МОЗАИК” (БиХ), Фонд за активно граѓанство-фАКТ (Црна Гора), Центар за институционален развој – ЦИРа (Македонија) и Форум за граѓански иницијативи-FIQ (Косово). Партнер на проектот е и фондацијата VIA(Чешка Република), а соработник Националната фондација за развој на граѓанското општество (Хрватска).
1 of 3
More Related Content
Повик за учество_Академија за одржливост
1. ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Академијата за одржливост се организира во рамки на проектот „SIGN for Sustainability”, регионална иницијатива
имплементирана од регионалната мрежа SIGN – Southeast-european Indigeneous Grantmakers Network, а финансиран од
Европската унија преку Програмата IPA –CSF и кофинансиран од Балканскиот фонд за демократија
Проектот “SIGN for Sustainability” партнерски го спроведуваат организации кои воедно се и членки на SIGN мрежата:
Балкански фонд за локални иницијативи – БЦИФ (Србија), Фондација за развој на заедницата ,,МОЗАИК” (БиХ), Фонд за
активно граѓанство-фАКТ (Црна Гора), Центар за институционален развој – ЦИРа (Македонија) и Форум за граѓански
иницијативи-FIQ (Косово). Партнер на проектот е и фондацијата VIA (Чешка Република), а соработник Националната
фондација за развој на граѓанското општество (Хрватска).
Академија за одржливост
Академијата за одржливост претставува програма за јакнење на капацитетите која ќе се спроведува во соработка со 4
партнерски организации од регионот. Низ оваа програма граѓанските организации ќе имаат можност да се стекнат со знаења
и вештини клучни за нивната одржливост и да ги зајакнат своите капацитети за прибирање на средства од локални извори, со
јасен фокус на мобилизирањето на ресурси од разновидни извори како стратешка определба на организацијата. Важноста на
оваа програма се согледува во фактот дека токму оние организации кои имаат разновидни извори на финансирање и кои ќе
вклучат што поголем број на граѓани во својата работа ќе обезбедат и долгорочна поддршка на локално и национално ниво, а
со самото тоа и поголема одржливост за долгорочно делување.
Академијата за одржливост се состои од 4 тренинг модули. Вкупно 75 граѓански организации од Регионот, односно 15
граѓански организации од Р. Македонија кои ќе учествуваат во Академијата ќе имаат можност да ги зајакнат своите
капацитети во следниве области: интегрирано стратешко и финансиско планирање, прибирање на средства од локални
извори (компании и индивидуалци), економски активности за граѓанските организации и развивање на план за одржливост.
Академијата за одржливост ќе се одвива во две фази:
Во рамки на првата фаза 30 учесници од 15 организации ( двајца учесници по организација) ќе учествуваат на обуките во
рамки на следниве модули:
Модул 1: Стратешко и проектно планирање (2 дена)
Модул 2: Основи на прибрање средства од локални извори (2 дена)
Модул 3: Примена на техники за прибирање на средства (2 дена)
Важна напомена: Неопходно е на обуките да учествуваат по двајца претставници кои имаат моќ на одлучување во
организацијата и истите да учествуваат на сите обуки;
По комплетирањето на првата фаза, организациите–учесници во Академијата ќе имаат можност да аплицираат за
мали грантови (т.н. грантови со предизвик) како би можеле во практика да ги применат новостекнатите знаењa за
прибирање на средства
Помеѓу модулите, учесниците ќе добиваат задачи кои ќе им помогнат да ги вежбаат стекнатите знаења и вештини. По
завршувањето на оваа фаза, организациите ќе имаат можност да аплицираат мали грантови (т.н. грантови со предизвик,
“matching” грантови ).
Во втората фаза учесниците ќе имаат можност да ги разменат искуствата стекнати при реализацијата на активностите за
прибирање на средства, да ги имплементираат своите проекти, да учествуваат на обуката за финансиско планирање и
развивање на план за одржливост.
2. Модул 4: Работилница за размена на искуства, финансиско планирање и развивање на план за одржливост (4 дена)
По завршувањето на овој модул, организациите ќе ги финализираат своите планови за одржливост со помош и поддршка од
експертите на ЦИРа.
Финансиски средства за поддршка на процесот на прибирање на средства и мали грантови (грантови со предизвик,
одн. “matching” грант)
Секоја од организациите која ќе учествува во Академијата за одржливост ќе добие финансиски средства за поддршка на
процесот за прибирање на средства во висина од 300 евра во денарска противвредност. Овие финансиски средства се
наменети за покривање на неопходните трошоци поврзани со реализацијата на иницијативите за прибирање на средства –
пр. мини кампањи, промотивни материјали и сл. Организациите ќе имаат 4 месеци да ги соберат потребните средства во
заедницата за реализација на своите проекти, по што ЦИРа ќе им исплати мал “matching” грант во висина на собраните
средства, но во максимален износ до 3.000 евра во денарска противвредност.
ВАЖНО: Процесот на прибирање на средства во заедницата ќе биде компетитивен меѓу организациите – учесници
во Програмата, што значи дека оние организации кои први ќе ги соберат средствата ќе добијат “matching” грант.
Секоја од организациите низ обуките ќе научи да ги процени своите капацитети, да подготви реалистични планови за
прибирање на средства и во пракса да ги применува техниките за прибирање на средства. “Мatching” грантовите ќе
им бидат доделени на оние организации кои први ќе ги соберат финансиските средства предвидени во рамки на
нивните планови за прибирање на средства.
За средства прибрани од заедницата ќе бидат сметани само финансиските средства собрани од индивидуални
донатори и од бизнис секторот. Донациите во материјални средства и услуги, како и средствата собрани од јавни
институции, органи, установи, органи на локална и централна власт и донации од билатерални и мултилатерални
донатори и фондации нема да бидат земени в предвид.
Вкупниот фонд за мали грантови изнесува 20.500 евра.
Временски распоред на активностите во рамки на Академијата:
Краен рок за поднесување на Пријава за учество во Академијата: 1 јули 2013
Одлука за селекција на организации – учесници: втора половина на јули 2013
Прв тренинг модул: октомври 2013
Втор тренинг модул: ноември 2013
Трет тренинг модул: декември 2013
Доставување на плановите за прибирање на средства во заедницата: декември 2013
Исплата на финансиски средства за поддршка на процесот за прибирање на средства: декември 2013
Краен рок за прибирање на средства во заедницата: 30 април 2014
Исплата на “Мatching” грант: мај 2014
Период за реализација на проектите: мај – октомври 2014
Четвртти тренинг модул: јуни 2014
Рок за доставување на плановите за одржливост: јули 2014
Критериуми за учество:
На Повикот можат да се пријават:
Граѓански организации од Р. Македонија регистрирани според Законот за здруженија и фондации
со фокус на делување во следниве области: Човекови права, транспарентност и добро владеење, развој на
медиумите и слободата на изразувањето, социјална инклузија, социо-економски развој, подобрување на
меѓуетничките односи и заштита на животната средина; Организациите-апликанти треба да имаат проектна идеја во
областите на делување која би ја доразвиле низ обуките во рамки на Академиијата
Услов за учество е организациите-апликанти да имаат реализиран годишен буџет помал од 10,000 (десет илјади)
евра во 2012 година;
На конкурсот не може да аплицираат организации кои претходно биле финансирани од страна на Европската унија
Критериуми за селекција:
Капацитет на организацијата (број на членови, вработени, волонтери, минато искуство во имплементација на
проекти/активности и реализација на активности за прибирање на средства)
Препознаеност во локалната заедница (партнерства и соработка со различни чинители во локалната заедница)
Мотивираност за учество во Академијата и за прибирање на средства од локални извори
3. Квалитет на иницијалната проектна идеја за која ќе се прибираат средства во заедницата
Пријавување:
За да се пријавите за учество во Академијата за одржливост потребно е да ја пополните Пријавата за учество.
Форматот - Пријавата за учество може да го најдете тука: http://www.slideshare.net/CIRamk/ss-22430657
Заедно со пријавата треба да ја доставите и следнава дополнителна документација:
1. Решение за регистрација на организацијата
2. Тековна состојба (не постара од 6 месеци)
3. Потпишана и на нотар заверена Изјава дека организацијата претходно не била финансирана од Европската унија и
дека реализираниот буџет на организацијата во 2012 година не бил поголем од 10.000 евра (61.500 денари).
4. Биографии (CV) на двајца претставници кои организацијата-апликант ги номинира за учество на Академијата
Пријавите за Академијата заедно со дополнителната документација се доставуваат во електронска форма на е-маил
адресата: cira@cira.org.mk со назнака ,,За Академијата за одржливост”
Крајниот рок за доставување на пријавите е понеделник, 1 јули 2013 година (16:00 часот). Пријавите кои ќе
пристигнат по зададениот рок нема да бидат земени в предвид
Од пријавените граѓански организации, а врз база на горенаведените критериуми, Програмскиот одбор ќе селектира 15
организации кои ќе учествуваат со двајца свои претставници во Академијата. Избраните организации ќе бидат известени до
крајот на јули 2013 година, а обуките во рамки на Академијата ќе започнат од октомври 2013 година и ќе се организираат во
Р. Македонија. Патните трошоци, како и трошоците за храна, сместување и материјали за учесниците ќе ги покрие ЦИРа.
За сите дополнителни информации обратете се до Бранко Докузовски, Раководител за развој и Бранкица Спасовска,
Соработник за развој:
Тел: 02/3114-855 Факс: 02/3214-132
e-mail: brankod@cira.org.mk; brankicas@cira.org.mk