3. Окото е најсовршен оптички систем.
Неговата функција е да формира коректна
слика на предметите и појавите кои потоа се
пренесуваат како информации на мозокот.
Има приближно сферна форма со дијаметар од
околу 2,4 cm.
4. Ѕидот на окото е составен од:
Белка (sclera) – надворешен слој кој му дава
цврстина на окото, која во предната страна
преминува во рожница (cornea);
Садовница (choroidea) – средниот слој покриен со
слој од темни пигментни клетки што го спречуваат
внатрешното дуфузно расејување на светлината во
окото;
Мрежница (retina) - внатрешната обвивка која е
најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат
сетилните клетки односно фоторецепторите.
5. Секое очно јаболко има околу 25 милиметри во
дијаметар и е добро заштитено во очната дупка, или
орбита, во внатрешноста на черепната коска.
6. Светлосните зраци влегуваат во окото низ неговиот
провиден куполест преден дел, наречен рожница. Тие
поминуваат во внатрешноста на окото низ зеницата, дупка
во престенестиот мускул наречен ирис. Ако светлината е
јака, ирисот ја намалува зеницата за да не се оштети
чувствителната внатрешност на окото од премногу
светлина.
Зраците се прекршуваат или насочуваат преку леќата и
испраќаат јасна слика во мрежницата, којашто го обвиткува
задниот дел од окото. Кога светлината ќе стигне до
мрежницата, нејзините 130 милиони микроскопски клетки
произведуваат нервни сигнали. Преку оптичкиот нерв, овие
сигнали доаѓаат до мозокот.
7. Оптички недостатоци на окото
Човечкото око иако како орган достигнува
највисок еволутивен развиток не е
наполно совршен оптички систем.
Оптичкиот систем на окото подлежи на
низа недостати: аберација, астигматизам,
аметропија и др.
8. Сферна аберација - немоќност на очната леќа
да ги собери сите паралелни зраци во ист
фокус.
9. Хроматска аберација - оптичка мана поради која
светлосните зраци на различна бранова
должина се фокусираат на различни точки по
должина на оптичката оска на објективот.
10. Аметропија - мана на окото во прекршувањето
на светлината при што оптичкиот систем на
окото поседува грешки во најблиските и
најоддалечените точки на гледање.
Постојат два вида аметропија:
далекугледост (хиперметропиа)
краткогледост (миопиа)
11. Далековидост - способност во која окото
покажува прогресивно смалување на
способноста да се акомодира на објектите во
непотребна близина.
Кратковидост - пореметување на кршењето на
зракот во окото при што паралелното насочено
светло произведува слика пред мрежницата.