2. ЗНАЧЕЊЕ И УПОТРЕБА НА КАЛЦИУМОТ
Калциумовите соединенија имаат големо биолошко и технолошко
значење.Соединенијата на калциумот учествуваат во изградба на
скелетот на организмите.Калциумовите јони учествуваат во
размената на материи и влијаат врз правилната работа на
срцето.Тие го помагаат и процесот на згрутчување на крвта при
крварења.Поради тоа, многу е важно во исхраната да се внесуваат
доволно намирници кои содржат калциум,како што се
млекото, млечните производи и различните зеленчици.
Од соединенијата на калциумот,најголема употреба наоѓа калциум
карбонатот (варовник).Големи количества варовник се користат за
добивање на негасена вар, а од неа гасена вар која е основна
суровина за добивање малтер.Малтерот е смеса од вар, песок и
вода.Малтерот наоѓа голема примена во градежништвото.Гипсот се
користи, исто така, во градежништвото и во вајарството.
3. КАЛЦИУМОТ ВО ИСХРАНАТА
Калциумот е важен
минерал кој што на сите ни
е познат, затоа што има
клучна улога во здравјето
на коските. Тој помага уште
и за одржување на
здравјето на
срцето, мускулите, нервите
и забите. Поради
тоа, консумирањето на
доволно количество на
калциум е особено важно
за правилното
функционирање на целиот
организам.
4. ЗОШТО КАЛЦИУМОТ Е ТОЛКУ ВАЖЕН?
Повеќе од 99% од калциумот во нашето тело
се складира во коските и забите, за да ги
одржува цврсти. Кога калциумот се
апсорбира во нашето тело тој со помош на
витаминот Д се транспортира до коските.
Таму, заедно со фосфорот им даваат
цврстината на сите коски.Коските растат и се
оформуваат од десеттата до дваесеттата
година од нашиот живот. По 30-тата година
тој процес се забавува и трае до 30-тата
година. Потоа организмот започнува да
троши од складираните резерви на
калциум, за да го одржува правилното
функционирање на нервниот и
кардиоваскуларниот систем.Многу
истражувања покажуваат дека калциумот
штити од покачување на крвниот притисок.
Исто така калциумот помага и во заштитата
од канцерогени заболувања.
5. СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТАТОК НА КАЛЦИУМ
Некои од симптомите кои што
можат да се појават при недостиг
на овој важен минерал се:
-Болки во зглобовите и чести
скршеници по телото;
-Кршливи нокти;
-Инсомнија;
-Грчеви во мускулите;
-Екзема;
- Вкочанетост во нозете и
рацете.
Ако не се лекува, недостатокот
на калциум може да доведе до
остеопороза. Остеопорозата е
заболување на коскениот
систем, кое води до намалување
на еластичноста на коските и
појава на скршеници.
6. ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ
Бебиња (0-6 месеци) – 210mg
Бебиња (7-12 месеци) – 270mg
Деца (1-3 години) – 500mg
Деца (4-8 години) – 800mg
Деца (9-18 години) – 1 300mg
Возрасни (19-50 години) – 1 000mg
Возрасни (51 година и нагоре) – 1 200mg
Зголемени потреби на калциум имаат жените во
менопауза. Тие особено треба да внимаваат на
количеството калциум кое го внесуваат, за да се
заштитат од остеопороза.
7. ХРАНИ БОГАТИ СО КАЛЦИУМ
Калциумот е
најзастапен во млекото
и млечните производи
како
јогурт, сирење, кашкава
л и изварка. Но, исто
така се среќава и во
брокулите, спанаќот, ки
неската зелка и
житариците.
Внесувањето на
доволно
количество витамин
Д ја подобрува
апсорпцијата на
калциум од организмот.
8. КАЛЦИУМОТ И НЕГОВАТА ПРИМЕНА ВО
ГРАДЕЖНИШТВОТО
Големи количества варовник се користат за добивање
на негасена вар,а од неа гасена вар која е основна
суровина за добивање малтер.
Малтерот наоѓа голема примена во
градежништвото.Гипсот се користи, исто така, во
градежништвото и во вајарството.