2. За струјниот удар можеме да речиме
дека тоа се ефекти на електрична струја
кога човекот ќе стане дел од струјниот
круг у низ него ќе помине електрична
струја.При тоа се оштетуваат делови од
човечкиот организам,а може да има и
смртни последици.
Човечкото тело е добар спроводник на
електрична струја.Како спроводник и за
него важи Омовиот
закон:I=U/R.Електричниот отпор на
човековот тело во различни делови е
различен.Треба да се знае дека
влажната кожа има помал отпор од
сувата.При сува кожа отпорот на
човековото тело е над 10 000 оми, акога
кожата е влажна под 1000 оми.
3. Многу е опасно кога
електричната струја минува
низ срцето и мозокот.
Јачината на електричната
струја над 10 mA
предизвикува
силно грчење на мускулите и
при тоа се губи контрола над
нив.Ако се фатиме со рака за
општетен спроводник има
опасност да не можеме да
успееме да се ослободиме од
него.
4. Во опасност човекот може да се најде
и на отворен простор,ако се случе
невреме.При тоа има силно
електрично празнење меѓу облаците
и земјата(гром).Електричната струја
на громот е многу голема и ако се
случи да помине низ човек или во
негова непосредна близина може да
предизвика смртни последици.За
заштита од оваа појава се
препорачува: да не се оди под
осамено дрво; да се отстранат сите
метални предмети што ги носи или
држи човекот и да биде што е можно
подалеку од нив :да седне, а не да
лежи на земјата.
5. Заземјувањето е ефикасна заштита од струен
удар.
За заштита од струен удар најосновно е никогаш
да не се допре незаштитен спроводник којшто е
дел од електрично струјно коло.Меѓутоа како
дополнителна заштита скоро кај сите апарати е
заземјувањето на надворешните метални
делови.Апаратите во домаќинството-нивните
надворешни делови добро се изолирани од
спроводниците низ коишто тече електрична
струја,но во случај на оштетување на тие
спроводници надворешните метални делови
можат да се сврзат со изворот на електрична
струја.Тогаш дејствува заземјувањето.Тоа
заземјување се вика заштитно заземнување.
Заземјувањето на сите апарати се врши на тој
начин што се поврзуваат надворешните делови
со закопана метална плоча преку соодветни
спроводници.
6. При укаживање на прва помош прво треба да се исклучи
струјниот круг чиј дел станал несреќникот. При тоа спасителот
треба многу внимателно да работи за да не настрада и тој.
Прво, треба електрички да се изолира од подот со ставање на
изолаторска подлога (гума или пластика),ако во близина нема
таква подлога може да застане на палто или свиткан покривач.
Повредениот и спроводниците под напон не смеат директно да
се допираат.Затоа е потребно со предмет од изолатор (дрво или
пластика) да се остранат од несреќниот.