2. Наставни предмети:
Македонски јазик
-Обработка на текстот „Капката Воденка„
Математика
-Утврдување на знаењата за собирање и одземање
до 100 со премин - играта „Бинго“
Запознавање на околината
-Кружење на водата во природата
Физичко образование
-Скокање со една нога
Музичко образование
-Слушање на звуци – природна појава „Дожд“
3. Очекувани исходи:
-Ги утврдува знаењата за собирање и одземање до 100 со
премин преку игровна активност
-Одговара на поставени прашања за содржината на
текстот
-Го прераскажува текстот со помош на слики
-Ја открива темата и порката на текстот
-Изработува тркало со сечење и боење за кружење на
водата во природата, плакат и цртеж
-Го опишува кружењето на водата
-Изведува обид со однапред дадени напатствија
-Одржува рамнотежа во движење во саканиот правец на
една и две нозе
-Слуша музика и се движи по однапред дадени упатства
4. Активност бр.1
Игра - „Прескокни ја реката„
Потребни реквизити: обрачи, креди во
боја.
Се црта река на која од двете страни се
поставени обрачи, учениците треба да
ја прескокнуваат реката од обрач во
обрач но притоа да внимаваат да не
скокнат во реката, ако им се случи тоа ја
излегуваат од игра.
5. Активност бр.2
Техника„Бура на идеи“
Учениците ги искажуваат своите идеи со еден
збор за поимот „дожд“ кој е запишан на табла,
а наставникот ги запишува нивните мислења,
потоа поведува разговор за поимот.
23. Активност бр. 3
Одговарање на прашања за содржината на
текстот
1.Дали ви се допадна текстот?
2.Што најмногу ви се допадна и зошто?
3.Што правела капката во океанот?
4.Што и се случило на капката кога огреало
жешкото Сонце?
5.Зошто тоа и се случило?
6.Со кого се запознала капката Воденка?
7.Што мислите зошто капката Соленко се вика
така?
8.Зошто капката го напуштила облакот?
9.Каде сакала Воденка да слета додека се
спуштала кон Земјата?
24. Активност бр. 3
Објаснување за водениот циклус преку слика
Следење на видео за водениот циклус