2. Јонизирачко зрачење е
електромагнетно,честично и секое
друго,зрачење во кое интреакција со
материјата директно или
индиректно,произведува парови на
позитивно или негативно наелектризирани
јони.
Извор на јонизирачко зрачење е секој
уред, постројка или материја
која произведува јонизирачко зрачење.
3. Озрачување е изложеност на јонизирачкото зрачење, кое
може да биде внатрешно или надворешно, во зависност
дали изворот на јонизирачко зрачење е во или вон
човечкото тело.
Доза е средна енергија на јонизирачкото зрачење
ослободена воединица маса од озрачениот материјал
или предмет.
Природна радијација е јонизирачко зрачење кое го
вклучува и космичкото зрачење и зрачењето од
природни радионуклеиди.
4. Заштита (лични заштитни средства,
дозиметриска контрола, здравствена контрола,
степен на изложеност на работниците,
проверување наконтаминацијата на лицата и
предметите, просториите и воздухот
вопросториите и повремено проверување на
исправноста на мерните инструменти и на
заштитните средства), како и обука на лицата
кои вршатработи од значење за заштитата од
изложеност на населението, лицата коиработат
на работни места со извори на јонизирачко
зрачење односно пациентите.
5. Послеици од јонизирачко зрачење
Јонизирачко зрачење и рак на дојка
Зголемен ризик за појава на рак на дојка е
поврзан и со изложувањето на релативно
голема доза на јонизирачко зрачење, кое е
забележано кај преживеаните од атомските
бомби во Нагасаки и Хирошима, како и кај
жени кои се лекувани со радиотерапија при
Morbus Hodgkin.
Ризикот се зголемува по латентен период од
10 до 15 години.
6. Јонизирачко зрачење и рак на штитна жлезда
Еден од најзначајните фактори на ризик за развој на рак на
штитната жлезда е претходното озрачување (радиотерапија)
на штитната жлезда.
Кај децата кои биле озрачени во пределот на вратната регија
заради бенигни состојби, како на пример хиперплазија на
тимусот, туберкулозен аденит (туберкулозно воспаление на
лимфните јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20
години се јавуваат чворчиња (нодулуси) во штитната жлезда
(кај 25% од озрачените деца), а околу една четвртина од нив се
малигни, најчесто папиларни карциноми на штитната жлезда.
Исто така, кај озрачените од атомска бомба во Хирошима и
Нагасаки забележена е зголемена инциденца на тироидниот
карцином.
После хаваријата во нуклеарната централа во Чернобил во
1986 година, појавата на тиродниот карцином во Украина е
зголемена за 10 пати.
7. Јонизирачко зрачење и рак на кожа
Ракот на кожата се јавува како доцно соматско
оштетување предизвикано од изложеност на кожата на
јонизирачко зрачење. Имено, во минатото се користело
јонизирачко зрачење ( доза >10Gy) за лекување на
бенигни состојби на кожата, како акни, псоријатична
кератоза, хемангиоми. Таквото јонизирачко зрачење
предизвикува радиодерматит (радијациско воспаление).
Радиодерматитот се карактеризира со кожна атрофија,
депигментација, телеангиектази (проширени капилари),
алопеција (испаѓање на влакната) и кератоза. По еден
подолг временски период, кај 20 до 40 % од овие
пациенти се јавува планоцелуларен (или базоцелуларен
доколку лезијата е на лицето) карцином на кожата.
8. Исто така, појавата на планоцелуларен
карцином на кожата е забележан на рацете кај
рендгенолозите, стоматолозите и рендген
технолозите, при несоодветна заштита и
изложеност на ирадијација на кожата на
рацете. Со осовременување на радијациската
апаратура и со спроведување на адекватна
заштита од јонизирачко зрачење, ризикот за
појава на рак на кожата, предизвикан од
јонизирачко зрачење, драстично е намален.