2. • Натаму – в поле битолско
• чемрее врба проклета –
• под врбата незнаен гроб,
• в гроб лежи војник непознат.
3. • Лежи од војна световна,
• лежи – и веќе земјосал –
• силно го тога изела
• задека тука загинал
4. • Никој крај него немаше –
• вишното небо врз него,
• земјата скришна под него –
• над гробот врба стушена.
5. • А таде – в гори зелени
• в шума гробишта лежеа
• делии – одбор јунаци
• за татковината паднати.
6. • В полноќ се над ним дрвјата
• од жалба силно свиваа –
• горските бистри езерца
• в силна светлина светеа.
7. • И од ним – самовилите
• една по една идеа –
• од гроб до гроб го дигаа
• јунак до јунак – на оро.
8. • И кога сите минеа
• покрај врбата стушена –
• делии се запираа
• незнаен брат си викаа:
• “Ја стани, море, јабанец
• на оро со самовили!
• зора се зори – петлите
• скоро ќе в село пропеат!”
9. • А тој од гробот тепкаше
• дума врз дума чемерна:
• -“Минете, браќа, врвете,
• Не сум ви лика – прилика!
• Кој умрел за татковината
• и за човечки правдини –
• каде вас, братко, не
гинел,
• со вас до векот живеел.
10. • Вие му песна пеете,
• вие го со песна жалите –
• така се сите радате
• и така си умирате!
• А тука – зожто паднав ја?
• зошто ме куршум прониза,
• зошто ме земја притисна –
• за кого лудо загинав?
• Кажете, браќа, кажете,
• кажете – па поминете –
• мене ме ништо не дига,
• мојата смрт е – карасмрт!”
11. • Делии глави веднеа,
• немеа самовилите –
• тешко на тија, горко им
• така што гинат на војна!
12. • Немеа
• Туку петлите во селото
• Веднаш писнаа
• Самоволите в горите,
• С бели враце виснаа.
• Пусто остана полето
• пусто зазори зората -
• чемрее в поле гората,
• чемрее - тажи непознат.