2. Прекумерната изложеност на X-зраци и
на друго јонизирачко зрачење го
зголемува ризикот за рак. Јонизирачкото
зрачење може да биде причина за развој
на рак на кожата, на тестисите, на
мезотелиомот, на штитната жлезда, на
дојката и друго.
3. Зголемен ризик за појава на рак на дојка
е поврзан и со изложувањето на
релативно голема доза на јонизирачко
зрачење, кое е забележано кај
преживеаните од атомските бомби во
Нагасаки и Хирошима, како и кај жени
кои се лекувани со радиотерапија при
Morbus Hodgkin.
Ризикот се зголемува по латентен период од 10
до 15 години.
4. Еден од најзначајните фактори на ризик за развој
на рак на штитната жлезда е претходното
озрачување (радиотерапија) на штитната жлезда.
Кај децата кои биле озрачени во пределот на
вратната регија заради бенигни состојби, како на
пример хиперплазија на тимусот, туберкулозен
аденит (туберкулозно воспаление на лимфните
јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20
години се јавуваат чворчиња (нодулуси) во
штитната жлезда (кај 25% од озрачените деца), а
околу една четвртина од нив се малигни, најчесто
папиларни карциноми на штитната жлезда.
Исто така, кај озрачените од атомска бомба во
Хирошима и Нагасаки забележена е зголемена
инциденца на тироидниот карцином.
5. Жените кај кои била спроведена
радиотерапија во пределот на малата
карлица имаат поголем ризик за развој
на т.н. радијациско индуцирани тумори.
Најчести се саркомите на матката.
6. Кај мал број на болни со малигни
мезотелиом се смета дека туморот е
последица на изложеност на јонизирачко
зрачење. Латентниот период од
изложеноста на јонизирачкото зрачење и
појавата на мезотелиомот варира од 7
до 36 години, средно 16 години.
7. Како докажан надворешен фактор на ризик за
настанување на остеосаркомот е
јонизирачкото зрачење.
Коскените саркоми беа едни од првите тумори
кај кои се откри етиолошката поврзаност на
нивното јавување со јонизирачкото зрачење.
8. Ракот на кожата се јавува како доцно соматско оштетување
предизвикано од изложеност на кожата на јонизирачко зрачење.
Имено, во минатото се користело јонизирачко зрачење ( доза
>10Gy) за лекување на бенигни состојби на кожата, како акни,
псоријатична кератоза, хемангиоми. Таквото јонизирачко зрачење
предизвикува радиодерматит (радијациско воспаление).
Радиодерматитот се карактеризира со кожна атрофија,
депигментација, телеангиектази (проширени капилари), алопеција
(испаѓање на влакната) и кератоза. По еден подолг временски
период, кај 20 до 40 % од овие пациенти се јавува планоцелуларен
(или базоцелуларен доколку лезијата е на лицето) карцином на
кожата.
Исто така, појавата на планоцелуларен карцином на кожата е
забележан на рацете кај рендгенолозите, стоматолозите и рендген
технолозите, при несоодветна заштита и изложеност на ирадијација
на кожата на рацете. Со осовременување на радијациската
апаратура и со спроведување на адекватна заштита од
јонизирачко зрачење, ризикот за појава на рак на кожата,
предизвикан од јонизирачко зрачење, драстично е намален.