ݺߣ

ݺߣShare a Scribd company logo
ГАМЕТОГЕНЕЗА
- Гаметогенеза е процес на созревање на
машките и женските полови клетки.
- Се одвива во репродуктивниот систем
на единките и започнува кога од
герминативниот епител на семените
каналчиња од тестисите кај мажите,
односно јајчниците кај жените се
создаваат првобитните сперматогонии
или оогонии, кои се диплоидни.
* Созревањето на женските гамети - јајце
клетки се вика оогенеза.

* Создавањето и созревањето на машките
гамети – сперматозоиди се вика
сперматогенеза.
ООГЕНЕЗА
Оогенеза е процесот на создавање и
созревање на ооцитите (јајце клетките).
Тој се одвива во овариумите. На крајот
од овој процес се добива зрела
хаплоидна јајце клетка.
Уште пред раѓањето, во ембриогенезата, кај
жената се создаваат околу 2 милиони првобитни
незрели јајце клетки од герминативниот епител,
настанати по пат на митоза, а познати под името
оогонии. Тие се сместени во примордијални
фоликули (јајнички меурчиња). Со нивно растење
се добиваат примарни ооцити. По пат на прва
мејотичка делба се создаваат секундарни јајце
клетки и една нефункционална хаплоидна клетка
- прв полоцит.
Јајце клетките во ваков вид остануваат во
мирување сѐ до пубертетот. Во овој период од
развитокот кај жената се создава првата зрела
јајце клетка и има можности за оплодување.
Во меѓувреме, бројот на незрелите јајце клетки се
намалува на 300 - 400.000. Од нив, во периодот на
половата зрелост остануваат околу 400, од кои по
правило на секои 28 денови созрева по една јајце
клетка, процес попознат како оваријален циклус.
Во понатамошните фази од оогенезата, секундарниот
ооцит (јајце клетката) со втора мејотичка делба се
поделува на јајце клетка и втор полоцит. Првиот
полоцит може, а и не мора да помине низ втората
мејоза. Доколку се подели и тој, се добиваат и три
полоцити (еден од делбата на секундарниот ооцит и
две од првиот полоцит). Доколку во претходната фаза
настане оплодување, следува фаза во која јајце
клетката преминува во зигот. Трите полоцити
дегенерираат.
СПЕРМАТОГЕНЕЗА
Сперматогенеза е процесот на создавањето и
созревањето на машките гамети - сперматозоиди.
Тој се одвива во семените каналчиња на
тестисите. Сперматозоидите се создаваат од
клетките на герминативниот епител што ги
обложува ѕидовите на каналчињата.
Создадените сперматогонии од герминативниот
епител се делат по пат на митоза во тестисите и се
добиваат два примарни сперматоцити, кои, како
и сперматогониите се диплоидни.
- Со прва мејоза, сперматоцитите се делат на два
секундарни сперматоцити, кои се хаплоидни.
- Со втора мејоза на секундарните сперматоцити
се создаваат четири незрели хаплоидни
сперматиди, од кои со спермиогенеза се
диференцираат четири зрели сперматозоиди.

More Related Content

гаметогенеза весна карчевска

  • 2. - Гаметогенеза е процес на созревање на машките и женските полови клетки. - Се одвива во репродуктивниот систем на единките и започнува кога од герминативниот епител на семените каналчиња од тестисите кај мажите, односно јајчниците кај жените се создаваат првобитните сперматогонии или оогонии, кои се диплоидни.
  • 3. * Созревањето на женските гамети - јајце клетки се вика оогенеза. * Создавањето и созревањето на машките гамети – сперматозоиди се вика сперматогенеза.
  • 5. Оогенеза е процесот на создавање и созревање на ооцитите (јајце клетките). Тој се одвива во овариумите. На крајот од овој процес се добива зрела хаплоидна јајце клетка.
  • 6. Уште пред раѓањето, во ембриогенезата, кај жената се создаваат околу 2 милиони првобитни незрели јајце клетки од герминативниот епител, настанати по пат на митоза, а познати под името оогонии. Тие се сместени во примордијални фоликули (јајнички меурчиња). Со нивно растење се добиваат примарни ооцити. По пат на прва мејотичка делба се создаваат секундарни јајце клетки и една нефункционална хаплоидна клетка - прв полоцит.
  • 7. Јајце клетките во ваков вид остануваат во мирување сѐ до пубертетот. Во овој период од развитокот кај жената се создава првата зрела јајце клетка и има можности за оплодување.
  • 8. Во меѓувреме, бројот на незрелите јајце клетки се намалува на 300 - 400.000. Од нив, во периодот на половата зрелост остануваат околу 400, од кои по правило на секои 28 денови созрева по една јајце клетка, процес попознат како оваријален циклус.
  • 9. Во понатамошните фази од оогенезата, секундарниот ооцит (јајце клетката) со втора мејотичка делба се поделува на јајце клетка и втор полоцит. Првиот полоцит може, а и не мора да помине низ втората мејоза. Доколку се подели и тој, се добиваат и три полоцити (еден од делбата на секундарниот ооцит и две од првиот полоцит). Доколку во претходната фаза настане оплодување, следува фаза во која јајце клетката преминува во зигот. Трите полоцити дегенерираат.
  • 11. Сперматогенеза е процесот на создавањето и созревањето на машките гамети - сперматозоиди. Тој се одвива во семените каналчиња на тестисите. Сперматозоидите се создаваат од клетките на герминативниот епител што ги обложува ѕидовите на каналчињата.
  • 12. Создадените сперматогонии од герминативниот епител се делат по пат на митоза во тестисите и се добиваат два примарни сперматоцити, кои, како и сперматогониите се диплоидни.
  • 13. - Со прва мејоза, сперматоцитите се делат на два секундарни сперматоцити, кои се хаплоидни. - Со втора мејоза на секундарните сперматоцити се создаваат четири незрели хаплоидни сперматиди, од кои со спермиогенеза се диференцираат четири зрели сперматозоиди.