1. Создадени нафта и гас
од гуми и разни
отпадоци
Изработиле:
Иванчо Вендијовски
Васил Јаковлевски
Александар Мијаковски
Христијан Стојковски
2. Американскиот иноватор Френк Прингл
направил машина што рециклира секакви
отпадоци - гума, пластика, па дури и
парчиња карпи, а од нив прави нафта и
гас.Изумот претставува микробранов
емитер што ги екстрахира нафтата и
гасот скриени во секојдневните
предмети, односно од оние што содржат
хидрокарбонати.
3. Првата комерцијална верзија на машината за еден час ќе
преработува 10 тони автомобилски гуми, пластика и винил
во природен гас. Прингл ја изумил машината пред
десетина години, откако се доближил до голем оган и
почнал да размислува за енергијата што се ослободува.
Заминал дома и фрлил парчиња гума во микробранов
емитер на кој работел за друг проект. Парчињата се
претвориле во нешто што прилегало на пепел и Прингл ги
фрлил на студениот под на лабораторија. Неколку часа
подоцна на истото место видел мала локва нафта.
Петроелумот е составен од хидрокарбонски молекули.
Кога микробрановите удираат во гумата, тие ги разбиваат
молекуларните врски и ја разградуваат гумата во
нејзините составни делови: јаглерод и хидрокарбонатни
гасови што можат да горат или да се кондензираат во
течно гориво.
4. Тој размислувал дека некои гасови од
разградената гума останале присутни и дека
студениот воздух во лабораторијата ги
кондензирал во дизел-гориво. Ако процесот
работи со гума, тогаш би требало да работи со
се' друго што има хидрокарбонати. Целта била
да се најде оптималната микробранова
фреквенција за секој материјал, за што постоеле
10 милиони можности. Прингл потрошил 10
години и 1 милион долари барајќи ги овие
фреквенции.
5. Првата нарачка е во изградба во
Рокфорд, Илиноис. Машината чини 5,1
милиони долари, а голема е колку помал
автобус. Наменета е за автомобилски
рециклер од Лонг Ајленд, Њујорк. Во
најава се и други зделки: американската
војска би можела да ги користи овие
машини во Ирак, за добивање нафта и
гас од стаклени шишиња и отпадоци од
храна. Интерес има и од нафтените
компании.