2. Што е глобално затоплување? Каква е улогата на озонската обвивка? Дали глобалното затоплување е проблем? Како се справуваме со овој проблем? Како глобалното затоплување и климатските промени влијаат врз живиот свет?
3. Што е глобалното затоплување? Горењето на фосилни горива со цел да се обезбеди енергија и да се ослободат големи количества на гасови во атмосферата (главно CO2), доведува до „ефект на стаклена градина“. Тоа значи дека сончевата светлина може да пројде, но топлината која што ја емитира е апсорбирана од Земјата, што доведува до глобално затоплување. За жал, следните статистички податоци се разочарувачки.
4. 1. Нивото на CO2 се зголемува постојано. Во текот на последниот век тоа се зголемило за цели 30%. 2. Земјата станува се пожешка. Статистиките покажуваат дека од 19 век па до денес просечната температура е зголемена за 0.6°C. Сите четири најжешки години откако почнале да се регистрираат овие податоци се во 1990-тите. 3.Најважно, дел од поларните санти мраз може да се стопи и тоа да доведе до покачување на нивото на водата во морињата, кое што веќе е покачено помеѓу 10 и 25 цм во последните 100 години. Тоа значи дека областите кои што се наоѓаат на помала надморска височина, па дури и цели држави, како Бангладеш, можат да исчезнат под морето.
5. Ефектот на стаклената градина Ефектот на стаклената градина е природна појава до која се доаѓа кога некои гасови и пареата кои се присутни во атмосверата создаваат нешто како ,,проѕирно стакло ’’ .Како кај стаклените градини, топлината останува заробена во атмосферата и Земјата се загрева.Всушност без овој ефект би исчезнал животот на нашата планета.Просечната температура на земјата е 16 C , при што без проблем се одвива кружењето на водата.Ако го нема ефектот на стаклената градина температурата би опаднала на -17 C, при што целата вода би замрзнала.Во спротивно ако температурата се зголеми водата ќе испари.Тука е опасноста од зголемување на овој ефект
6. Гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина се водената пареа, јаглеродиниот диоксид, азотните оксиди, метанот и фреонот.Нивото на овие гасови се зголемува преклу издувните гасови на автомоблите, индустријата, земјоделството, грејните објекти(топлани, рафинерии). Ефектот на стаклената градина(кој се повеќе се зголемува) доведува до глобално затоплување, кое предизвикува топење на сантите мраз на Северниот и Јужниот пол и до зголемување на нивото на водите.
7. Сево ова е причина за голми поплави и за промени во климатските услови.За да се спречи зголемувањето на ефектот на стаклената градина, треба да се намали користењето на фосилни горива(јаглен и нафта-со чие согорување се добива јаглероден диоксид), да престанат да се сечат шумите(тие се потрошувачи на јаглероден диоксид) и фреонот да се замени со некоја друга технологија
8. Озонска обвивка Озонската обвивка исто така страда од загадувачите на атмосферата.Озонот е непостојан гас кој содржи три кислородни атоми.Во допир со одредени загадувачи, тој го губи едниот атом и се распаѓа.На тоа место настанува дупка.Денес над Антарктикот се наоѓа голема озонска дупка.Озонот е опасен ако го вдишуваме, но високо во атмосферата тој е многу корисен.Озонската обвивка служи како филтер кој ги спречува УВ зраците да стигнат за земјата.УВ зраците се штетни за растенијата и животните, а она мало количество што стигнува на земјата е потребно за регулирање на бројот на микроорганизмите.
9. Промените во атмосферата особено влијаат врз климата.На Земјата се сменувале периоди на заладување и затоплување.Денес владее период на затоплување кој доведува до затоплување на водата во океаните.Топлата водена пареа во атмосферата се судира со ладниот воздух, при што се јавуваат силни дождови проследени со силни ветрови кои уриваат се пред себе.Како што се зголемува ефектот на стаклената градина се повеќе има појава на циклони.
10. Глобалното затоплување е проблем Непријатни изненадувања:Некои од начините на кои Земјата може да одговори на глодалното затоплување може да бидат постепени, а други пак нагли. Со понатамошно зголемување на количини те на гасовите од с.г. може И да се изненадиме И со понекоја непријатност. Метанот кој бега: како што се затоплува Арктикот, големи количини на метан кој е сега замрзнат под океанот И земјата може да се ослободи И премине во воздухот. Поради неговите својства може да се очекува И побрзо затоплување на Земјата. Рапидно зголемување на нивото на морето: дел од западно Антарктичкиот леден блок се наоѓа на самата површина на морето. Како се затоплуваат морињата лесно може да се случИ да дојде до дестабилизација на мразот , тој да се скрши , а потоа и да се стопи.Како резултат на тоа во наредните 300 години нивоте на морето побрзо ќе рсте од очекуваното. Промена на правецот : како резултат на претходно кажаното може да дојде до промена на правецот на морските И океанските струи. Нивните патеки ја одредуваат дистрибуцијата на оканските темп, И хранливи материи кои го овозможуваат животот во морето. Ако се промени нивниот правец целокупниот воден еко-систем ќе се наруши .
11. 1.Зголемување на нивото на морето:Покрај Антарктикот и ледениот брег кој го покрива Гренланд меже да претрпи делумно топење и да допринесе за зголемување на нивото на морето. Во последните 100 години 10-25 см , а за до 2050 може да стане и тродупло со што огромни крајбрежни површини, кои се многу густо населени, ќе бидат потопени. Најзагрозени се Индија Пакистан , Бангладеш , Малдиви ,Тајланд , Мозамбик, Египет, Суринам итн. 2.Здравјето во потопол свет Г.Затоплување влијае на човековото здравје н аразлични начини. Иако е тешко да се предвидат вистинските ефекти , научниците веќе ги разгледуваат можностите.
12. Топлотни бранови:Луѓето почесто би пателе од топлотни удари, и да умираат од срцеви напади или од други заболувања предизвикани од топлин ата. Во некои региони темп. Може да достигне високи вредности со што би се јавиле миграции на населението од тие области. Полуција : Топлината ,честичките смог и штетните гасови кои се задржуваат во атмосферата можат да забрзаат други хем, реакции и да се создадат нови полутанти. Сето тоа ја зголемува опасноста од заболување од астма и други белодроби болести. Загадени води:Некои области ќе имаат повеќе врнежи што ќе води кон зголемени поплавувања на ниските крајбрежија, тоа од друга страна ќе предизвика контаминација н а водените ресурси со полутанти од градовите и фармите , ризикувајќи раширување на инфективни болести. Пренесувачи на болести. Како што глобалното затоплување предизвикува промени во климатските зони така инсектите кои се пренесувачИ на болести ќе мигрираат коин половите. Маларијата И жолтата треска ќе зафатат многу поголеми области од денешните, а некои од здравсрвените центри немаат услови за да се справат со нив. 3.Глобалното затоплување влијае на природата
13. Промените во температурата, врнежите И дистрибуција на растенијата можат многу да влијаат на миграцијата, исхраната И размножувањето на многу животински видови , од инсекти до слоновите. Сигурни скривалишта за дивите животни: При постепено менување на климатските услови животните имаат можност да се адаптираат но кога промената настапува наеднаш тогаш голем број од видовите немаат можност да се адаптираат И исчезнуваат. Денешниот пораст на темп. Е рапиден што им оневозможува на многу раст. И жив. видови да се адаптираат што значи се наоѓаат на работ на егзистенцијата. Растенија животни: Неможе со сигурност да се претпостави к ако г.з. ќе влијае на раст. И животните. Потоплите услови на Арктикот ќе предизвикаат да северните шуми И тундрата се повлечат уште по на север , намалувајќи ја областа на која живеат денес северните животни. Посувата клима во Централна Африка може да делува инхибирачки на навиките на некои големи цицачИ како слоновите, чие размножување е поврзано со дождовните периоди.
14. Некои животни може да мигрираат во области кои се поблагопријатни за нив , но кои не се во рамките на националните паркови каде што тие се заштитени. Температурата на која јајцата се инкубираат го детерминираат полот на алигаторите И многу видови желки. Повисоките температури може да предизвикаат промени во пропорционалниот однос на полот кај овие видови. Некои видови може да се адаптираат но другите може да се истребат на овој начин.
15. 4.Да сепредвиди непознатото.: Повеќето од научниците се согласуваат дека зголемувањето на ј.диоксид со пораст на популацијата и интензивирање на индустријата ќе предизвика затоплување на Земјата. Сепак неможе со сигурност да се претпостави како ќе се однесуват живите организми. Поларен парадокс: Со затоплување на земјата ќе се предизвика топење на ледените блокови НО на Антарктикот потполиот воздух со зголемување на водената пареа може да предизвика повеќе врнежи на снег на глечерите. Научниците сметаат дека ова може да го намали зголемувањето на нивото на морето но не се знае во кој а мера.
16. Како може да се помогне??? Глобалното затоплување не е само да се вклучи темп . на повисока па кога сакаме да ја исклучиме и се да биде во ред. Напротив гасовите на стаклената градина ја задржуваат трмп. Во тек на многу декади и тие кои денес се ослободени уште долго ќе имаат влијание. Што да се направи ? Изгледа дека една личност и неможе многу да направи , но не е баш така. Секогаш ког асе штеди енергиај или се користи поефикасно не само што се штедат пари туку и се намалува побарувачката за јаглен нафта и природен гас, со што се намалува и СО2 кој се ослободува при нивно согорување.
17. Што можеш ТИ да направиш: 1.Секогаш кога е можно пешачи , вози велосипед или користи го јавниот превоз. 2.Кога ќе купуваш автомобил избери таков кој нема многу да троши. 3.Ако има и клима уред, провери дека е рециклирана течноста за ладење секогаш кога го сервисираш. 4.Редуцирај ги непотребните работи: купувај минимално запакувани добра,повеќе користи продукти кои се рециклираат во однос на оние со еднократна употреба. 5.Користи ја машината за перење кога е наполнета , а не полупразна - така ќе заштедиш повеќе енергија. 6.При миење на садовите користи ладна или топла вода , а не жешка. 7.При греење водата не ја загревај над 70 степни. 8.Посади дрвја во близина на твојот дом, ако живааш во област со топла клима ѕидовите нека се во светли бои , а ако живееш во студена област сидовите нек а се во темни бои. 9.Ако ги заменуваш ел.уреди земи такви кои се енергетски најефективни.
18. Што може владата да направи: 1.Пошумување 2.масовен транспорт 3.поставување на стандарди за чистотата на воздухот Што може да се направи во бизнисот: 1.Да се инвестира во енергетски ефикасно флуоресцентно осветлување 2.Да се градат или реновираат канелариите користејќи ен. Ефикасни материјали.соодветна изолација и соларне енергиај за затоплување и осветлување. 3.Да се садат дрвја за да се неутрализираат гасовите на стаклената градина кои ги ослободува компанијата. 4,да се инвестира во ех. Ефикасни мануфактурни процеси и опрема и дасе користат рециклирани материјали.
19. Што е направено? Научниците проценуваат дека за да се забави глобалното затоплување мора да се редуцира огромната емисија на СО2 во светот а и на другите гасови кои ја задржуваат топлината. Патиштата на оваа редукција се со заменување на фосилните горива со извори на енергија кои се обновуваат. 1992 на Rio Earth Summit nad 150 zemji потпишаа договор за климатските промени со цел стабилизација на емисијата на СО2 од страна на развиените земји до 2000. The Solar Electric Light Fund , непрофитна организација од САД , помогна да се инсталираат мали соларни станици во Зимбабве И Шри Ланка со цел да се намали потрошувачката на фосилни горива во овие општества.
20. Southern California Edison вети дека ќе ја редуцира сопствената емисија на СО2 за 20 % до 2010 И има донирано милион долари за флуоресцентни сијалици за потрошувачите,како и бесплатна изолација и попуст ако купуваат енергетски ефикасни производи. Повторно пошумување Контрола на прираст на населението - повеќе население бара поголема потрошувачка на енергија.
21. Southern California Edison вети дека ќе ја редуцира сопствената емисија на СО2 за 20 % до 2010 И има донирано милион долари за флуоресцентни сијалици за потрошувачите,како и бесплатна изолација и попуст ако купуваат енергетски ефикасни производи. Повторно пошумување Контрола на прираст на населението - повеќе население бара поголема потрошувачка на енергија.
22. Загрозени видови Глобалното затолпување и климатските промени не влијаат поволно за животот на некои видови.Топењето на сантите мраз заради зголемувањето на температурата предизвикува топење нас сантите мраз а со тоа загрозување на животот на многу животни кои живеат таму.Намалувањето на бројот на животните води до нивно истребување од оваа планета.
23. Во загрозени видови има многу животни но ние ќе ги споменеме оние кои страдаат заради последиците од глобалното затоплување и човечките постапки.Тука спаѓаат : Белата мечка Белата лисица Пингвините Фоките Белиот зајак и сите оние кои живеат на сантите мраз.
24. Загрозувањето на животните и истражувањето на научниците Многу животни како птици, желки и риби мигрираат што значи го менуваат местото на живеење.Заради зголемувањето на температурата птиците останале во еден град кој требало да го напуштат уште во есента(научник од Њу Јорк)
25. Ланецот на исхраната исто така се менува заради глобалното затоплување.Животните тешко ја поднесуваат промената на температурата, а инсектите уште помалку бидејќи тие живеат на растенијата.Животните како змии, птици и жаби страдаат зошто се хранат со инсекти.Сепак глобалното затоплување предизвикува проблем и во животот на човекот и во животот на човекот.
26. Бидејќи животните се зависни едни од други(ова се гледа од ланецот на исхраната) еден проблем предизвикува многу други. За крај глобалното затоплување треба да се сфати како сериозен проблем, зошто може да предизвика катастрофални последици и уништување на живиот свет.