1. Тромбоцити
Од сите други формативни елементи, крвни плочки или тромбоцити се
најситни. Нивните ситни структурни во вистинска смисла на зборот не
се клетки туку се делови на клетки. Бројот на тромбоцитите во крвта се
движат 150000 до 450000 во еден милиметар кубен. Тромбоцитите се
неопходни за коагулација – засирување во крвта. Кога како резултат
на повреди крвта ќе биде во контакт со некое друго ткиво, или пак во
допир на воздухот, тромбоцитите пукаат. Тогаш под дејство на ензимот
тромбин се созддаваат белковински материи во форма на тенки нишки
кои како мрежа се испреплетуваат. На оваа мрежа се залепуваат црвени
и бели крвни клетки при што создаваат засирок или тромб кој како
чеп го затвора оштетениот крвен сад. При создавање на засирокот се
одделува бистра жолтеникава течност – крвен серум. Когулацијата е
многу значаен механизам на заштита на организмот од неконтролирано
губење крв при повреда или крвни садови.