2. Обединетите нации
● ООббееддииннееттииттее ННааццииии се
меѓународна организација
основана на 20 јуни 1945 во
Сан Франциско. Сепак како ден
на нејзиното основање се
слави 24 октомври секоја
година. Обединетите нации
произлегуваат од претходната
Друштво на народите основана
во 1919 год. Седиштето на ОН
се наоѓа во Њујорк, САД. Во
неа моментално членуваат 192
држава.
3. Членство
● Членството на
Обединети нации е
отворено за сите
мирољубиви држави
кои ги прифаќаат
обврските на
Повелбата на
Обединетите Нации и
според оценката на
организацијата, се
способни и имаат
желба да ги исполнат
тие обврски.
Генералното Собрание
го одредува приемот по
препорака на Советот
на Безбедност.
4. ● Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората
светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата
формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединетите нации
од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на
Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори
со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која
била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на
Атланскиот пакт и други договори.
5. Тие овозможуваат земјите да соработуваат за да
ги решат светските проблеми, како
сиромаштијата, болестите и деградирањето на
околината. Тие служат како симбол за
меѓународниот поредок и глобалниот идентитет.
Тие го унапредуваат и координираат економскиот
и општествениот напредок на земјите во развој,
со идеја дека таквите проблеми создаваат извори
на конфликт кој може да доведе до војна. ООН ја
помагаат и координираат работата на стотина
агенции и програми, кои се во самата
организација или надвор од неа.
6. н Надлежности наа ООббееддииннееттииттее ННааццииии
1) Преземање колективни мерки за зајакнување на меѓународниот мир.
2) Потикнување на меѓународната соработка за решавање на
меѓународни проблеми од областа на економијата, социјалата и
културата.
3) Охрабрување за почитување на човековите права и слободи,
еднакво важни за сите луѓе без разлика на расата, полот и
религијата.
7. ООНН ии РРееппууббллииккаа ММааккееддоонниијјаа
Република Македонија е примена за членка на ОН на 8 април 1993 година.
Денес, во Македонија има 12 организации кои го сочинуваат поширокото
семејство на ОН: УНДП, УНИЦЕФ, УНХЦР, СЗО, ФАО, МОТ, ИОМ, Светска
Банка, ММФ, УНАИДС и УНМИК. Сите тие се ангажирани на голем број
активности, чија цел е бенефит на сите кои живеат во земјата.
8. ● На Светскиот самит, одржан во септември во Њујорк,
Македонија беше една од 189-те земји кои уште еднаш ја
подвлекоа својата посветеност на Милениумската
декларација и се обврзаа да ги остварат осумте
Милениумски развојни цели.
● Тие цели во, областите на сиромаштијата, образованието, здравството, родовите и
животната средина, треба да се постигнат до 2015-та. Тоа значи дека остануваат уште
само пет години за Македонија да се претвори во подобро место за сите. Место, во кое
има помалку сиромашни луѓе, повеќе деца во училиштата, повеќе луѓе кои живеат здрав
живот и сите заедно уживајќи во една заштитена животна средина.
9. Органи на Обединетите нации
● Системот ннаа ООббееддииннееттииттее ннааццииии има шест основни
органи кои го сочинуваат она што се подразбира како
системот на Обединети нации:
11))ГГееннееррааллннооттоо ссооббррааннииее
22))ССооввееттоотт ннаа ббееззббеедднноосстт
33))ЕЕккооннооммссккии ии ссооцциијјааллеенн ссооввеетт
44))ССттааррааттееллссккии ссооввеетт
55))ССееккррееттаарриијјаатт ннаа ООббееддииннееттииттее ннааццииии
66))ММееѓѓууннааррооддеенн ссуудд ннаа ппррааввддааттаа