2. Микроскоп
Микроскопот е инструмент за
гледање на објекти кои се многу
мали за да можат да се видат со
голо око. Науката за проучување на
мали објекти со помош на
инструменти се нарекува
микроскопија, а поимот
микроскопски значи нешто многу
мало, кое не може да се види со
голо око.
3. Оптички микроскоп
Направата која во голема мерка го услови развојот
на биологијата е светлинскиот микроскоп. Првиот
ваков микроскоп бил конструиран 1665 година, од
страна наанглискиот научник Роберт Хук.
Првиот микроскоп е наречен светлински бидејќи за
осветлување на објектот и набљудување се користи
дневна или вештачка светлина. Тој уште се вика
и оптичкизатоа што во него се вградени системи на
оптички леќи, од чијашто комбинација и усовршеност
зависи зголемувањето и квалитетот на добиената
слика.
Од првиот светлински микроскоп до денес не дели долг
период во кој тој е усовршуван, така што денес се во
употреба многу совршени светлосни микроскопи,
кои даваат зголемување и до 3 000 пати, со што се
овозможува испитување и на внатрешни структури
во клетката итн.
4. Електронски микроскоп
Електронски микроскоп е тип
на микроскоп што
користи електрони за осветлување и
создавање на слика од некој
примерок. Има многу поголемо
зголемување и моќ од светлосен
микроскоп - до два милиони пати
зголемување, за разлика од
светлосниот со две илјади.
Кај електронскиот микроскоп, сноп
од електрони насочени
со магнети предизвикуваат
зголемување на сликата на објектот.
Но електронскиот микроскоп не може
да се користи за набљудување на
живи организми, затоа што тие не
можат да ја преживеат потребната
техника на подготовка
5. Телескоп
Телескоп е еден од најважните астрономски и оптички инструменти. Телескопот
собира и сосредоточува светлина т.е електромагнетно зрачење и покажува
зголемена слика на многу оддалечени објекти. Со помож на оваа справа можеме
да видиме и снимиме слики на објекти кои се премногу оддалечени, премали или
со слаб сјај. Под телескоп најчесто се подразбира оптички телескоп,но постојат и
телескопи кои собираат зрачење од некој друг дел на спектарот од електро
магнетното зрачење. Постојат и радио телескопи,кои користат радио антена, а
постојат и телескопи за гама-зраци.
6. Рефрактор
Рефрактор е вид на оптички телескоп за зајакнување на видот при набљудување на
небесни тела или нивното сликање. Рефракторот претставувателескоп или двоглед чиј
објектив и окулар се оптички леќи, без корист на огледала, низ кои светлината што доаѓа
од предметот се прекршува и дава зголемен лик за окото на
набљудувачот.Рефракоторот е телескоп којшто како објектив користи една или повеќе
леќи. Со нивно комбинирање, со растурни или собирни, се настојува да се намали
аберацијата. За прв пат телескопот кога бил употребен од Галилео Галилеј во 1610
година бил рефрактор
7. Рефлектор
Рефлекторски телескоп (или рефлектор) — оптички телескоп кој
користи едно или комбинација од повеќе закривени огледала кои ја
одбиваат светлината и создаваат слика. Рефлекторскиот телескоп
беше осмислен во во XVII век како замена за рефракторниот
телескоп кој, во тој период, бил телескоп кој страдал од
силна хроматска аберација. Иако рефллекторските телескопи
создават други видови на оптички аберации, но пак затоа
овозможува создавање на телескопи со многу големи пречници
на објективите. Скоро сите поголеми телескопи што се користат
воастрономијата се рефлекторски. Рефлекторските телескопи ги
има во многу облици и можат да користат дополнителни оптички
елементи за да се подобри квалитетот на сликата при предносна
механичка местоположба. Откога рефлекторските телескопи
користат огледала, а телескопот понекогаш се нарекува и
„катаоптрички“ телескоп.
8. Употреба при истражувањата
Скоро сите големи истражувачки телескопи се рефлектори. Постојат
неколку причини за ова:
-Рефлекторите работат во пошироки спектри на светлина бидејќи
одредени бранови должини се впиени кога минуваат низ стаклени
елементи како тие кои постојат во самиотрефрактор или во
катадиоптрискиот телескоп.
-Целата зафатнина на материјалот на леќите мора да биде ослободен
од недостатоци и нехомогености, додека пак кај огледалата само една
површина треба да биде перфектоно исполирана.
9. -Светлината при различни бранови должини патува со различна брзина низ
сите средини совен при вакум. Ова предизвикува хроматска аберација.
Сведувањето на ова до прифатливо ниво вообичаено влкучува комбинација
од две или три леќи со големина на отворот. Трошоците за ваквите системи
при поголеми отвори се зголемува значително како што се зголемува
отворот. Сликата добиена од огледало не страда од хроматска аберација, а
и трошоците за производство на огледалата не се толку значајни со
зголемувањето на големината на истите.
-Постојат структурни проблеми при изработката и користењето на големите
леќи. Бидејќи леќата може да се одржува во местоположбата само преку
работ, центарот на големите леќи ќе спадне поради тежата, со што ќе се
наруши сликата која се добива. Најголемите употребливи леќи при
рефракторните телескопи се околу 1 метар.За споредба, огледалото може
да биде зацврстено по целата страна од огледалото, со што се
овозможуваат облици на рефлектирачки телескопи кои го надминуваат
гравитационото натежнување. Најголемите рефлекторски облици имаат
пречници и над 10 метри.