Market research of packaged food industryRonak ModiThis file includes the process of research done in Karjat for the packaged food industry. The Process includes
DEFINING THE PROBLEM
OBJECTIVE OF THE STUDY
HYPOTHESIS OF THE STUDY
DATA SOURCES
TECHNIQUE OF DATA COLLECTION
SOCIAL CULTURE CONTEXT
GEOGRAPHICAL LIMIT
BASIS OF SELECTION
Market research mkt 525 questionnaireSabrina FruehaufThe document discusses a market research questionnaire about food trucks, specifically The ݺߣ Ride food truck in Chicago. It provides background information on food trucks, details on The ݺߣ Ride and its menu offerings. The questionnaire aims to understand awareness, preferences and behaviors related to food trucks in general and The ݺߣ Ride specifically through various multiple choice, rating scale and open-ended questions.
Analysis of consumer behavior in context of new product launchBharat SrivastavaBikano
Haldiram's
Pepsico
Parle
Bhagat's
Fritolays
The document is a summer training report analyzing consumer behavior for a new product launch. It includes an introduction to Bikanervala foods and their Bikano brand of packaged foods. It outlines the company's vision, manufacturing processes involving production, packaging and quality control. It also describes the company's national and international business networks. The objectives of the research are to study consumer behavior, sensory evaluations, expectations, and purchase influences. A literature review discusses factors influencing the rise of packaged foods in India. The research methodology outlines using questionnaires and sensory evaluations to collect primary data and analyze consumer awareness and purchase
Consumer behaviour, Attitude and perception towards organic products- A study...Meghalaya state Rural Livelihood society implementation agency NRLMThis document summarizes a study on consumer behavior, attitudes, and perceptions toward organic products in Puducherry, India. The study surveyed 25 consumers at an organic store called Bon Appetit. It found that most consumers agreed organic products are healthy, chemical-free, and environmentally friendly. However, many consumers only purchase organic products occasionally due to higher prices. The study recommends increasing organic production and awareness while lowering prices to encourage more consumers to purchase organic options fully.
Consumer Behaviour-AttitudeprincesstongThe document discusses attitudes and their influence on consumer behavior. It defines attitudes and describes their nature, how they are formed through conditioning, modeling and cognitive learning. Two models of attitudes are described: the tri-component model involving affective, cognitive and behavioral components, and Fishbein's multi-attribute model. The functions and measurement of attitudes are covered along with methods to change attitudes by influencing feelings, beliefs, behaviors or social norms.
Информациско безбедносна проценка на веб апликации (изучување на случај)Zero Science LabИнформациско безбедносна проценка на веб апликациите Eventum и Cultbooking. (in-house web application security assessment)
Основни чекори за воведување Е-Трговија.pptxGoceDzurovski1Општи информации за Е-трговија
Основни чекори за почнување на Е-трговија
Законска регулатива
Безбедна продавница
Трендови во Е-трговија
Бизнис Херој - Пакети и ценовник - Октомври 2013InfoprojectЦеновник на пакети, модули и други услуги за SaaS сервисот Бизнис Херој на Инфопроект.
http://biznisheroj.mk
Информациско безбедносна проценка на веб апликации (изучување на случај)Zero Science LabИнформациско безбедносна проценка на веб апликациите Eventum и Cultbooking. (in-house web application security assessment)
Основни чекори за воведување Е-Трговија.pptxGoceDzurovski1Општи информации за Е-трговија
Основни чекори за почнување на Е-трговија
Законска регулатива
Безбедна продавница
Трендови во Е-трговија
Бизнис Херој - Пакети и ценовник - Октомври 2013InfoprojectЦеновник на пакети, модули и други услуги за SaaS сервисот Бизнис Херој на Инфопроект.
http://biznisheroj.mk
1. Infomatrix ERP
Производ на Инфопроект
Содржина
Концепт на ERP..................................................................................................................................2
Што претставува ERP?.......................................................................................................................2
Размена и проток на информации...................................................................................................2
Инфраструктура.................................................................................................................................2
Зголемување на профитот ................................................................................................................3
5 основни карактеристики на модерен ERP....................................................................................3
Web - базиран и компатибилен со стандарди.................................................................................3
Авто-контролирачки и авто-корективен.........................................................................................4
Лесно управлив, конфигурабилен и флексибилен.........................................................................4
Производство......................................................................................................................................5
Вовед....................................................................................................................................................5
Планирање на производство.............................................................................................................6
Подготовка на производство.............................................................................................................6
Производство......................................................................................................................................6
Планирање на ресурси за производство..........................................................................................6
Амбалажа и пакување........................................................................................................................6
Завршување на процесот...................................................................................................................7
Следење на процес на производство................................................................................................7
Контрола на квалитет на готови производи....................................................................................7
Пресметка на производна цена.........................................................................................................7
Прилог А: Субсистеми во Infomatrix ERP........................................................................................8
Прилог Б: Пример на дијаграм на процеси во производство........................................................9
1
2. Концепт на ERP
Што претставува ERP?
ERP или Enterprise Resource Planning (Управување со ресурсите на компанијата)
е софтвер кој им овозможува на компаниите да го интегрираат управувањето на сите
свои активности и ресурси преку единствен софтверски систем.
Во светот, повеќето мали, средни и големи компании користат ERP за да управуваат
со различните аспекти на нивните бизниси.
Се работи за софтверска архитектура чија цел е да го насочува текот на
информациите помеѓу сите бизнис функции во границите на организацијата, но и да
управува со поврзувањата со надворешните интересенти и побарувачи. Опфатот на
функции може да се одвива во производството, продажбата, набавката,
планирањето, финансиите, човечките ресурси, итн.
Размена и проток на информации
Секоја компанија има различни сектори кои, за да се добијат саканите резултати и да се
задоволат потребите на купувачите, треба да работат заедно. За да се оствари ова, мора да
постои соодветен проток на информации меѓу различните оддели. Без пренесување на
информациите низ бизнисот, тој не може да функционира правилно.
Со помош на ERP, компанијата може да го одржи правилниот и конзистентниот проток на
информации помеѓу различните сектори и одделенија, во и надвор од организацијата. Кога
постои соодветна комуникација, планирањето може да се направи побрзо, а одговорите на
потребите и барањата на купувачите можат да бидат исполнети без проблеми, ефикасно и во
дадениот временски рок. Ова ќе помогне да биде променет начинот на кој работи
компанијата, и тоа на многу подобро. Секторите или одделите ќе бидат во можност
навремено да ги исполнат нивните цели.
Размената на информациите мора да биде „безшавна“ -- без видливи прекини и застои. Се`
мора да функционира во една голема структура, без оглед на физичките локации, но - сепак
- на безбеден и сигурен начин.
Инфраструктура
Еден ERP може да се изгради на централизирана или дистрибуирана хардверска и
податочна инфраструктура.
Притоа, „границите“ не треба да се разберат како една локација, улична адреса, туку -
напротив - како неограничен број на „места на случување“, без оглед дали се работи за
генератори на информации, консументи на информации, или обете.
Мрежите на поединечните локации се нарекуваат „интранет“.
Мрежата на мулти-локациски корпоративни информативни извори ја нарекуваме
„екстранет“.
2
3. Зголемување на профитот
Главната цел на еден претприемач е да го зголеми профитот. Ова може да се направи само
ако се зголеми продажбата, се намалат трошоците, се зголеми ефикасноста, или сите овие
работи заедно. Со ERP, функционирањето на претпријатието значително ќе се подобри, а тоа
за возврат ќе ја зголеми профитабилноста. Откако внатрешните процеси ќе бидат забрзани,
автоматски ќе се случи забрзување и на функционирањето кон надвор. Ова е причината
зошто бизнисмените треба да се определат за воведување на ERP -- за да се добијат саканите
резултати во краток временски период.
Колку побрзо овој систем ќе биде воведен, толку побрзо ќе се постигнат резултати. Со
Enterprise Resource Planning ќе бидете во можност да видите како вашите аспирации се
претвораат во реалност.
5 основни карактеристики на модерен ERP
Web - базиран и компатибилен со стандарди
Најфлексибилните и најисплатливи ERP софтверски решенија се изработени од
Интернет-базирани технологии, во форма на трослојна архитектура.
Интернет-базираните технологии функционираат независно од платформата или
оперативниот систем, со што платформата станува вистински отворен систем и се здобива со
голема флексибилност.
Трослојната архитектура ги одвојува базите на податоци од бизнис-логиката на
апликацијата и корисничкиот интерфејс. Со ова се овозможува полесна модификација на
генеричкиот софтвер во форма која е поблиска до моделот на бизнисот на корисникот.
Клучните карактеристики на вака дефиниран систем се:
● ERP апликацијата мора да работи во интернет-прегледувач (browser), како што
се Mozilla Firefox, Google Chrome или Opera.
● ERP апликацијата мора да поддржува додавање на нови корисници со
едноставно додавање на web и апликациски сервери.
● ERP апликацијата мора лесно да комуницира со други апликации кои
функционираат на различни платформи (увоз/извоз на податоци, размена на
информации, итн.).
● ERP апликацијата мора да ги користи de facto Интернет стандардите за
размена на податоци интерно, помеѓу своите модули, и екстерно, со
надворешните апликации.
● ERP апликацијата мора да работи без инсталирање на додатни компоненти
(софтвер, апликации) на локалната корисничка работна станица, освен
интернет-прегледувачот.
Со исполнување на овие карактеристики, се добива голема флексибилност, низок трошок на
употреба, поедноставно проширување и лесно вклопување во бизнис-околината.
Системот лесно се усвојува од корисниците бидејќи се работи за технологија со која сите се
добро запознати, па обуката се концентрира на поважните работи.
3
4. Не е важно кои компјутерски системи се употребуваат -- тие можат да бидат од различни
производители, со различни оперативни системи, но и да бидат различни класи на уреди:
фиксни (desktop) системи, лаптопи, таблет-компјутери (класа на iPad), дури и смартфони.
Авто-контролирачки и авто-корективен
Секој ERP систем мора да содржи „авто-пилот“.
Всушност, се работи за способност системот да врши контролирање и корегирање на
текот на информации, изработката на документи и, воопшто, функционирањето на
целиот систем.
Ова се остварува со вградување на комплети на правила:
● Како се движат документите и информациите
● Кои се ограничувањата и дозволените прекорачувања
● Кои се правата и привилегиите на поединечните корисници, нивните улоги и
одговорности
● Кои се контролните точки
● Какви се условите, минималните и оптималните потреби за извршување на
одредена операција
● Колкава е усогласеноста со надворешно пропишаните стандардни процедури
(нпр. ISO стандарди) или законски ограничувања
Со применување на овие правила, кои воглавно се разликуваат за секоја компанија (или
барем за тип на компанија), се остваруваат парадигмите на „Авто-контрола“ и „Авто-
корекција“. На пример, системот може да „одбие“ да изработи одреден документ доколку не
се исполнети сите услови, или да предложи која залиха на репро-материјали ќе се троши во
производствот.
Системот може да забрани да се продава стока на одредени купувачи кои гинадминале
своите лимити, да предупреди дека залихата на некој продукт или репро-материјал е блиску
до минималната, или да сигнализира кога на некој документ му е изминат рокот во кој тој
мора да биде изработен.
Со ваквиот пристап, се намалуваат трошоците на работењето, се зголемува ефикасноста, се
намалуваат грешките и се воспоставуваат контролни точки за набљудување на
перформансите на целиот систем.
Лесно управлив, конфигурабилен и флексибилен
Доколку доследно се постават правилата за функционирање, со што голем дел од
управувањето на системот ќе биде автоматски и вграден во самиот софтвер, управувањето на
системот ќе биде значително олеснето.
Планирањето и контролата на ресурсите на компанијата мора да бидат лесно изводливи,
делливи помеѓу повеќе истовремени извршители
4
5. Производство
Вовед
Производството, како средишна функција во работењето на една производна компанија,
мора да биде комплетно покриено со документи.
Текот на документацијата ги следи сите операции, од почеток до крај, и овозможува
следливост и контрола над секој започнат процес. Следливоста мора да се протега од
набавката на суровинии, до информацијата на кој купувач му се испорачани готовите
производи.
Со потполната следливост и контрола, значително се подобруваат контролно-корективните
функции во внатрешниот дел на процесите, но и се олеснува справувањето со рекламациите
и следењето на квалитетот.
Постоењето на контролни точки е неопходно и за контрола на динамиката на извршување
на производството.
Со производството се поврзани сите останати процеси во претпријатието: набавка на
суровини и материјали, порачки од купувачи и продажба, планирање на испорака и
производство, магацините за суровини и за готови производи, како и прирачните магацини
во самиот процес на производство.
(поголема слика од овој дијаграм е во прилозите на документот)
5
6. Планирање на производство
Процесот на производство започнува со планирање на производството при што како
документ за иницирање на оваа операција е „Налогот кон производство“.
Врз основа на операцијата „Планирање на производство“ се лансира документот „Порачка
кон производство“. При планирање на производството можно е да се лансира документот за
„Преиспитување на производство“ кој овозможува „контакт“ на трите сектори
(Производство, Контрола на квалитет и Набавка), доколку има некои проблеми при
лансирањето на порачката кон производство (на пример, нема рецепт за производство, нема
рецепт за пакување-амбалажирање, нема доволна залиха од репро материјал или амбалажа
итн). Трите сектори може да дадат коментари на документот кои се видливи за сите нив.
Исто така, направените коментари во документот може да се испратат по електронска пошта
како на приклучок на документот.
Овој документ („Порачка за производство“) ја иницира операцијата Подготовка на
производство.
Подготовка на производство
Подготовката на производство е операција која врз основа на порачките за производство
изработува налог за работа. Во секој налог за работа можно е да се евидентираат порачките
од купувачи (преку врската на порачка за производство и налог кон производство) така што
е можна следливост на порачката од купувачот во текот на производството. За така
изработените налози за работа се изработуваат дневни налози за работа-производство или
дневни налози за пакување-амбалажирање кои служат како влезни документи во
операцијата „Производство“ или „Пакување“.
Производство
Производството започнува со „Дневен налог“ кој се однесува, било за производство, било за
пакување, за одреден ден. Вообичаено, дневните налози, следат по издавањето на налогот за
работа, но дозволено е врз основа на еден налог за работа да се лансираат и повеќе дневни
налози - најчесто кога процесот се изведува во повеќе денови (кога одредено производство
или пакување не може да се изврши во еден ден).
Дневниот налог за работа-производство ја содржи рецептурата за производство со
потребните репро-материјали. Во него се евидентира и изработената количина -- завршено
дневно производство и стварно потрошените репро-материјали (кои се како еден од
елементите за пресметка на производната цена на чинење).
Планирање на ресурси за производство
При изработката на дневните налози, се планираат и ресурсите за нив: зафатеноста на секоја
машина или место за изработка и се издаваат конкретни налози за секој вработен кој
учествува во процесот. Со ова се овозможува точно и економично ангажирање на сите
ресурси, а притоа да се има минимален трошок.
Амбалажа и пакување
Дневниот налог за пакување ја содржи рецептурата за пакување-амбалажирање со
потребните амбалажни продукти.Во него се евидентира и спакуваната количина и стварно
6
7. потрошените амбалажни продукти (кои се како еден од елементите за пресметка на
производната цена на чинење).
Завршување на процесот
Како конечни документи од дневното производство се документот за завршено
производство (залиха на неспакуван продукт) и спакувано производство (залиха на спакуван
продукт во магацинот за издавање).
Следење на процес на производство
Менаџерите, раководителите и сите останати учесници во процесот, во секој момент имаат
точен увид на секој чекор во производството.
Системот ги контролира и корегира сите чекори и контролни точки. Секој документ
електронски се потпишува од оној што го изработил. Следната операција не може да се
изведе (системот не дозволува) ако претходната не е електронски потпишана и потврдена од
раководителот (исто така со електронски потпис).
Контрола на квалитет на готови производи
Во текот на изведувањето на дневниот налог за производство можно е земање на мостри за
контрола (се изработува посебен документ за контрола на производството).
Како што споменавме, во секоја точка од процесот е овозможена врска со секторот за
Контрола на квалитетот, суровините, полупроизводите или делумното произведство и
готовиот производ, како и амбалажата.
За секој готов производ може да се најде неговиот почеток, уште од набавката на суровините,
за да се овозможи ефикасно справување со рекламации и лоцирање на грешки.
Пресметка на производна цена
Бидејќи во процесот се опфатени сите можни чекори, останува да се додадат фиксните,
режиските и надворешните трошоци (нпр. енергија, надворешни услуги, и сл.) за да се
добие производната цена.
Комплет на прегледи овозможува увид во сите видови на трошоци и отстапување од
планираната цена.
7