Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војниAleksandar ArsovskiБитово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
Endangered species in CanadaAleksandar ArsovskiAccording to the Species at Risk Act, there are 516 endangered species in Canada. Several species highlighted in the document are struggling due to habitat loss from activities like logging, urban development, and pollution. The woodland caribou population has declined from over 44,000 to decreasing numbers due to forest destruction. The golden eagle, killer whale, barn owl, and spotted turtle are also endangered or threatened species facing dwindling populations and habitat loss from human activities.
Рефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане ТодоровскиAleksandar ArsovskiРефлексивната лирика изразена во поезијата на Матеја Матевски и Гане Тодоровски
Пиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во мина...Aleksandar ArsovskiПиреј - Синоним за истрајноста и неуништливоста на македонскиот народ во минатото
Крвна група БAleksandar ArsovskiКрвна група Б
Психолошка страна на лица со крвна група Б
Храна која треба да ја конзумираат, забранета и неутрално делување на истата
Интеракција на Храна-лек врз дигестивен трактAleksandar ArsovskiHrana lek digestiven trakt
Храна лек дигестивен тракт
мрсна храна
млечна храна
танини
сокови
газирани пијалоци
пектини и алагините
Сирови влакна
Холестерол
Жолчни киселини
Размножување кај човекотAleksandar ArsovskiПолови органи кај човекот
Машки полов орган
Женски полов орган
Оплодување
Трудна жена
Сонографски снимки
Планирање на смејство
Контрацепција
Сексуално преносливи болести
Последици
Инфекции
Сифилис
Гонореа (Трипер)
Сексуален однос
Битово-социјалните елементи во македонските драми помеѓу двете светски војни
1. ССОУ „Димитрија Чуповски“ –Велес
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
ТЕМА: Битово-социјалните елементи во
македонските драми помеѓу двете светски
војни
Ментор: Изработил:
Верица Николова Александар Арсовски 4-1
2. Март, 2015 год.
Велес
Содржина:
1. Вовед...................................................................................... 3стр.
2. Главен дeл...............................................................................4стр.
2.1 Печалбари....................................................................4стр.
2.2 Чорбаџи Теодос...........................................................7стр.
2.3 Парите се отепувачка..................................................9стр.
3. Заклучок ................................................................................11стр.
4. Користена литература .........................................................12стр.
2
3. ВОВЕД
Со овој проект на тема: „Битово-социјалните елементи во македонските
драми помеѓу двете светски војни“ авторите јасно ни го претставуваат животот во
времето помеѓу двете светски војни. Желбата на младите луѓе која е како
двигател во дејството во овие три дела „Чорбаџи Теодос“, „Печалбари“ и „Парите
се отепувачка“ , како и нивниот однос кон успехот и почитувањето на сопствените
ставови.
Во творечката постапка на Иљоски и Панов тие ја поставиле компарацијата на
ликови, опис на времето на случувањата, приказот на традицијата на животот и
семејните односи како основа за градење на познатите драми. Во развојот на
драмите тие го внеле генерацискиот конфликт, а особено се истакнува и
погрешната проценка на родителите која честопати поскапо ја плаќаат нивните
деца. Вметнати се и елементи од традицијата на тогашните односи во
семејството. И двата автора за да се спротивстават на времето и на
општествениот живот, драмите ги пишуваат на народен јазик.
На овие два писатели им се приклучува и Ристо Крле со своето дело
„Парите се отепувачка“, тематиката е слична како во делото на Панов, главна
водечка цел е победа на сиромаштијата, со таа разлика што, Крле во своето дело
на главниот лик му поставува препреки од почетокот, главниот јунак доколку сака
да се ожени потребно е да оди на печалба. Ова дело е исполнето со голем број на
фолклорни елементи, обичаи од редот на испраќање на печалбарот, истурањето
на вода за среќен пат и сл. Но на крајот на драмата се забележува и
самоубиственото каење на таткото, клетвата на мајката „Пусти пари,отепувачка
сте вие.″
3
4. ГЛАВЕН ДЕЛ
„Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовта меѓу двајца млади
(Костадин и Симка) кои се лудо вљубени, но припаѓаат на различни сталежи, тој е
сиромашен – а таа богата. Тука можеме веднаш да го препознаеме класниот
судир и поделбата на општеството на богати и сиромашни. Љубовта ќе биде
главен двигател во драмското дејство, но и пречка меѓу младите. Панов тука го
вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се
постигне бунтот. Преку чорбаџијата Јордан, таткото на Симка, во Печалбари кој е
мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа се низ призмата на
парите, искажано е и значењето на патријархалните односи. Тој, кој најмногу се
грижи за мислењето на останатите за него и неговите постапки, ја продава својата
ќерка, сметајќи дека постапува според некој старински обичај. Но, бидејќи Симка
се заљубила во сиромашниот Костадин, се договориле да му ја даде ќерка си
поставувајќи му услов да замине не печалба, туркајќи го во смрт. Поради својата
точка на гледиште, тој донесува низа на одлуки кои го чинат Костадин живот и
фактот што никогаш не го видел својот единствен син. Драмата ,,Печалбари″ и
припаѓа на македонската литература и театарот на минатото! Со својот јазик,
израз и архитектоника, Печалбари заостанува зад обновата за која знае
европската и југословенската драма. Но покрај се, таа е специјално ангажирана
драма (со музика и пеење од македонскиот живот во четири чина – седум слики),
драмска и сценска пресметка со лихварството на чорбаџиите и експлоататорите
на човекот од страна на богатите „бездушните убијци“ за кои во една од своите
дијалошки епизоди – печалбарот Зафир, впрочем како и Костадин, ќе рече:
„Печалат на маката наша!“. Замислена како „ драма со музика и пеење“,
чие дејствие се случува помеѓу 1929 и 1934 година, „во едно село во Западна
Македонија“, освен шестата слика која е директно печалбарска и го покажува
Костадина како лежи болен од туберкулоза во една фурна во Белград. Таа спаѓа
4
5. во редот на т.н битови драми со мошне истакната социјална поента со своите
црно-бело конципирани содржински јазли.
Животот е покомплексен од овој што овде-онде ни е сугериран од страна на
авторот. Психологијата на нашиот печалбар и филозофијата на печалбарството
има подлабоки корени и поразновидни манифестации од оние што ги најдеме во
драмата на Панов. Премногу директно, острата критика на социјалниот статус на
нашиот печалбар донекаде останува без своите психолошки изнијансираности,
поради што и ликовите се однапред определени како позитивни и негативни, а
главно само скицирани – сите, заедно со Костадин и „бездушните“ Јордана и
Аранѓела кои носат во себе нешто поизразито психолошка, социјална и етичка
индивидуалност. Па и мелодрамското има свој одреден призвук, како и фабулата
до извесна мерка на одредени личности. Експозицијата е премногу бавна, а
катарзисното во драмата на Костадина е дадено одвај како една убава замислена
скица, на она што другите би требало да го соопштат со многу посолидна, а со тоа
и драмски посугестивна мотивираност. Не станува збор за тоа дека не е
мотивирана првобитната решеност да не оди на печалба, бидејќи е еден од оние
млади луѓе коишто не ја прифаќаат печалбата како излез од тешката социјална
положба (меѓу другото и затоа што таа не е само полно ќесе, туку и смрт, не само
можност да се излезе од сиромаштија, туку и закана да се остане во сиромаштија
а и без татко – како што е неговиот случај, без маж, како што е случајот со
неговата мајка Божана или без неговата љубов Симка).
Во делот импонира неговата цврста волја да не купува жена како што се
купува добиток. Од тој негов етички став се согледува едно стоичко, модерно
сфаќање на љубовта, бракот, меѓучовечките односи. Селскиот трговец Јордан не
може да замисли неговата ќерка да ја омажи без триесет – четиресет лири и тоа
за оној човек кого тој ќе го избере, но се случи обратното токму поради решеноста
на Костадина и Симка да бидат заедно наспроти патријархално -лихварскиот
обичај на старите родители. Всушност, тие, на крајот и ќе го принудат Костадина
да замине на печалба, за да ја остави младоста во една белградска фурна,
оставајќи и го на Симка „ќесето со пари“ како на „задуша“.
5
6. Во Печалбари на Панов младите печалбари пеат и некои печалбарски
песни, кои од своја страна многу природно се вклопуваат во драмското дејствие,
интензивирајќи го и надополнувајќи ја драмската атмосфера со својата сугестивна
лиричност и трогателна содржина. Со фолклорните елементи во себе, Печалбари
е драма на едно, пред се, социјално-реалистичко дело кое, истовремено, е и
приказ на чемерниот печалбарски живот и критика на постојаните општествени
односи.
Печалбари не само што го расветлуваше еден од најзначајните проблеми
на нашиот народ –сиромаштијата и во врска со неа печалбарството, туку мошне
отворено ја осудува и експлоатацијата воошто.
Социјалните елементи, моралните падови и нискости на сиромаштијата,
инстиктот на себеодржување, парите како противтежа на сиромаштијата,
трагиката на печалбарскиот труд, проклетството на парите – сето тоа е слика на
социјалната и општествена средина, во која неминовно растат и класите и
генерациските судири. Затоа оваа драма е осуда на експлоататорите и социјален
протест на обесправените.
Битовите елементи се дел од животот на целата општествена средина.
Фолклорното богатство од песни и ора, многу природно се вклопува во драмското
дејство, засилувајќи ја поетиката во чинот на испраќање на печалбарите, но и
трагиката, кога молкот доволно сам зборува за себе. Опишани се:
патријархалните односи, просењето на девојка, откуп како обичај, менталитетот
на нашиот народ да се помогне во неволја, суредувањето на домот за среќно
враќање на печалбарите, очекувањето на подароци, многуте благослови и
клетвата, која сама по себе произлегува од нужното за парите.
6
7. „Чорбаџи Теодос“ е битово-социјална драма, а првобитниот наслов на оваа
драма бил „Нагазил човекот“. Драмата има три чина. Во самата драма се
застапени голем број на елементи карактеристични за нашето поднебје: песните,
поговорките,покорноста на сопругата, барањето на благослов од таткото за
свршувачка, но исто така опишан е и обичај на Циганите, а тоа е барањето на кум.
Уште во првиот чин, авторот, силно, убедливо не соочува со еден карактер
на деспот кој од семејството и опкружувањето бара покорност. Неговите домашни
живеат во страв дури и кога спие, затоа што секоја негова наредба, за нив морала
да биде закон. Затоа ликот на Теодос, по своите особености е исклучителен,
скоро неповторлив во нашата литература.
Тој став на деспотизам Чорбаџи Теодос, го наметнува во своите први 17
појави во драмата, а тоа за домашните значи бесконечно измачување, треперење
и над сонот и јавето, кога е во прашање која било наредба или обичен збор на
чорбаџијата Теодос. Негови жртви се: сопругата Параскева, синот Томче, и
слугите Наца и Спиро. Теодос е строг и кон себе и кон другите, но пред се е многу
прецизен, а во чаршијата е познат како „саат на две нозе“, тој се наметнал со
моќта која кај сите влева стравопочит.Стравот е толку голем што не смеат да го
разбудат од спиење, зошто вината е секогаш нивна и за прерано и за доцно
будење. Никој нема храброст да го разбуди, зошто иако навикнати на неговите
постојани приговори и конфликтн ситуации, дури и кога ги нема, да бара влакно во
јајцето, сепак сите стравуваат кој да ја преземе одговорноста. Педантниот и
прецизен Теодос, кој место душа имал машина, се буди според внатрешниот
часовник и по сознанието дека доцни, сиот бес го истура врз сопругата која зедно
со слугите трепери, извршувајќи ги сите негови наредби кои по правило, секогаш
се сложени. Параскева со тек на време венела и стареела обидувајќи се да му
угоди на сопругот, но и покрај сите приговори на својот маж, не се бунела, туку се
помирувала со тоа, сметајќи дека тоа е нејзина должност.
7
8. Хиерархијата во семејството, која била правило во патријархалните
семејства, наместо да донесе ред и хармонија, носи огромно оддалечување и
противставеност, така што главните жртви, Параскева и Томче ги претвара во
сопруга-робинка и син,опијанет од љубов –алкохоличар.
Иљоски, драматуршки прецизно ги предава ситуациите со неизоставените
хумор и надмудрувања, цинизам и сарказам. Тој укажува на примерите, лошо
срце, лакомо око, граблива рака, срцето пусто не знае ни за богатство, ни за
сиромаштија; тие произлегуваат како народни изреки, и се целосно применети во
соодветен контекст, со цел да се извлечат поуки, себепрепознавање и критичко
согледување.
Само со неколку зборови, кои ги истакнуваат карактеристиките на чорбаџи
Теодос –душевник, намќор, бездушник, се доволно моќни, да се стекне
вистинската слика за него, со сите претходно наброени карактеристики, кои со
право го вклучуваат во најекстремните ликови во нашата драмска литература.
Васил Иљоски и Антон Панов, чорбаџиите Теодос и Јордан ги отсликува
како типични претставници на една класа, воспитани во вкоренет патријархат. Во
ваквата градба на ликови во која авторите имаат за цел да претстават една црно-
бела слика на случувања, неопходно мора да ги внесат негативностите од тоа
време и сфаќањата со кои свесно се уништува среќата на своето чедо. Од
типичниот приказ на ликовите не отстапуваат ниту сликањето на женските ликови
Параскева и Рајна, кои се претставени како верни и предадени жени кои што се
грижат за своето семејство. Не се претставени како мајки со вистинската смисла
на зборот, зошто иако знаат да изборот на нивната ќерка/син слепо се покоруваат
на своите мажи.
8
9. Драмата „Парите се отепувачка“ ја сместуваме во битово-социјалните
драми, затоа што ги содржи етнографските карактеристики на секоја битова драма
и печалбарството како израз на социјално-економската положба на македонскиот
народ, сепак се разработува и еден друг елемент, а тоа е судбинското во животот,
ја одделува оваа драма од нашите битово-социјални драми, токму поради
проблемот, наречен судбинска трагедија, како резултат на чинот на
непрепознавање.
Парите се отепувачка – убаваат кога отсуствува разумот, а надвладува
лудоста, алчноста и себичноста, кои за час судбински му пресудуваат на целото
семејство. Ни трага од човечност, гостољубивост, сожалуување, таткова грижа и
родителско сожалување со дојденецот. Само сјајот на златото, алчноста,
среброљубивоста кои ја предизвикуваат фаталноста што сама се удира од
нивните глави, да казни, превоспита и наплати со силата на истиот грев – живот
за живот. Само мајката Мара се уште разумно стои пред блесокот на златото,
зошто во неа пулсира незапирлива мисла за синот, па предводена од тој
мајчински инстикт останува присебна, но немоќна да разубеди една веќе
поматена свест која главечки се втурнува во пропаст. Скрпеното мајчинско срце
не може да ја преболи загубата, а таткото не може да ја прифати вистината чиј
креатор беше самиот тој. Поматената глава се избиструва во доцен миг, но
доволно на време дај ја побара соодветната казна за себе.
Како важни елементи тука се јавуваат и трагиката на печалбарскиот труд и
проклетството на парите, како и генерацискиот класен судар, детерминирани од
општата положба на народот.,, Парите се отепувачка ″е драма за просечноста на
среќата во парите Мара и Митре се спремаат да го испратат нивниот син Анѓеле
на печалба во Америка. Во Вториот чин се гледа застапеноста на обичаите и
суеверието на народот во тоа време кога Панде се враќа од испраќањето и
кажува дека по пат им се испречила црна мачка и тие не знаеле дали треба да
продолжат.
9
10. Во четвртиот чин, крвта станува против својата крв со тоа што Митре, не
препознавајќи го својот син, го убива.
Непобијни елементи на битово-социјалната драма се алчноста, моќноста на
парите и сиромаштијата која води до печалбарство, и бројноста на обичаите
застапени во драмата базирана на вистинската приказна.
Оттука можеме да заклучиме дека битово-социјалната драматика се
манифестира како пресуда за развојот на македонската книжевност, бидејќи стои
„на почетокот“ од современата македонска книжевна историја, па на некои начин
се чини како да им овозможува на другите видови да се појават и да се развијат.
10
11. ЗАКЛУЧОК
Тројцата автори преку битово-социјалните драми успеале да го насликаат
времето во кое господареле традицијата и патријархатот во секојдневниот живот.
Тие успеале да создадат драмски дела кои траат и денес, пред се се темелат на
умешноста на сопствените творечки постапки, а дејствата ги поврзале врз основа
на генерациските конфликти од кој понатаму се развиени и ликовите и настаните.
Во трите дела е претставена несреќната судбина на семејствата, можеби
таа несреќа не е еднакво голема, но сепак е присутна. Ниту едните, ниту другите
не успеале да го постигнат тоа што го посакувале – да бидат со оној кој го љубат,
а при тоа да бидат задоволени и никој да не биде повреден. Гледано од денешен
аспект можело да биде поинаку доколку родителите го немале тој патријархален
дух, строг и неправеден однос кон своите деца, едноставно доколку ја ставеле
среќата на своето дете пред се никој немало да излезе повреден.
Битово-социјалната драматика се сведува на теарската и книжевната
појава која што трае петнаесетина години, која што ја карактеризира на драмското
пишување, која што е одбележена со пишувањето на пиеси од народниот живот,
на народен јазик, во народната традиција. Најважните битово-социјални елементи
кои се јавуват во драмите во меѓу воениот период се поделбите во општеството,
генерациските јазови, класните судири, обичаите, како и патријархалните односи.
Едни од позначајните драми каде што се јавуваат мноштвото од горенаведените
елементи се драмите „Печалбари“ од Антон Панов, и „Парите се отепувачка“ од
Ристо Крле, тематизирани врз типични животни мотиви и ситуации – каква што е
печалбата. Преку овие драми, како и преку другите свои дела авторите само ја
дополнуваат македонската култура и литература и го потврдуваат постоењето на
еден народ низ историјата. Тие истовремено создавале дела кои ја имаат вечната
вредност на книжевноста, а воедно обработуваат вечна тема чија актуелност не
може да замре.
11
12. Користена литература:
1. Македонски јазик и литература; Графички центар дооел - Скопје, 2010 г;
-Костадинка Бошковиќ; Сузана Илиевска;
2. Прилози за наставата по литература, македонски драмски писатели,
раскажувачи и романсиери; Македонска Матица - Скопје; 2001г.
-Раде Силјан
3. Антон Панов; Графички завод „Гоце Делчев“ –Скопје;
-Александар Алексиев
4. Македонската драма помеѓу двете светски војни; Научна книжара –Задар,
2013г.
-Мирко Грубиќ
5. mk.wikipedia.org/wiki/Ристо Крле
6. www.makedonskijazikiliteratura.blogspot.com
12